Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски донесе одлука одложеното 22 - коло од Првата фудбалска лига да се одигра на 1 април со почеток во 14:00 часот. Во тој термин ФК Пелистер ќе гостува во штип против Брегалница. Натпреварот Башкими - Вардар е регистриран со резултат 0:3, а теренот во Куманово е суспендиран.
В сабота на 24 март, како подготовка за наредните натпревари и искористување на слободниот викенд заради репрезентативните настапи, фудбалерите на Пелистер ќе одиграат контролен меч во Прилеп со Победа. Мечот почнува во 14:00 часот, а заради обврските кон репрезентацијата за фудбалери под 21 година за Пелистер нема да настапат Благојче Главевски и Никола Стојановски.
Eve gi sudiite koj ke odrzuvaat pravda za ovaj mec
БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР
Главен судија: Бошков Зоран - Неготино
1 асистент: Стефанов Зоран - Кавадарци
2 асистент: Димитров Горан - Кавадарци
4 судија: Темелков Зоранчо - Кавадарци
КОНТРОЛОР: Кировски Васил - Скопје