По подолг период националната репрезентација се враќа во Битола. Пред повеќе од 10 години младата селекција за фудбалери под 21 година, играше официјален квалификациски меч со Шпанија во Битола. Во меѓувреме градот под Пелистер беше домаќин и на балканијадата за фудбалери под 17 години, а на 28 март во 14:00 часот на стадионот на Пелистер ќе се одигра пријателски контролен меч на Македонија и Албанија. Тоа е убава шанса голем дел од талентите на мак-фудбалот да ги види и компетентната битолска публика.